АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не треба никој да биде стигматизиран, никако заболените, а уште помалку луѓето во карантин затоа што тие се здрави луѓе и тоа е механизам и модел кој не штити сите нас. Тој модел мораме да го поддржиме, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешниот прес.
Апелот следуваше откако деновиве во Битола се појавија негативни реакции околу сместувањето на наши државјани од странство кои се враќаат дома , во карантин во хотел во центарот на Битола.
„Сите се прегедани од интернист и епидемиолог, досега нема ниту еден заболен од вирусот. Има неколку четири или пет болни лица, тестирани кои се негативни, заболени од обична настинка и тие во рамките на тој карантин се настрана од сите други лица. Тие наши сограѓани не претставуваат апсолутно никаква опасност нити за непосредната околина нити за градовите каде се сместени зашто тоа се целосно здрави луѓе кои мора да поминат 14 дена во самоизолациоја“, рече Филипче.