Од 19 март до денес, 13 април, во Центарот за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Кичево, Ресен и Демир Хисар) земени се материјали за испитување (брисеви) од вкупно 180 лица за COVID-19, информираат од оваа здравствена установа
Кај 144 лица се земени по епидемиолошки индикации (лица кои што ја исполнуваат дефиницијата на случај, здравствени работници на кои им истекува здравствениот надзор за COVID-19 и др.), а кај 36 лица материјалите се со упатување од матичен лекар преку системот Мој термин.
Од вкупниот број на земени брисеви, 156 се за лица со место на живеење во Битола, а 24 од Кичево, Ресен и Демир Хисар.
Позитивни резултати за COVID-19 се добиени за 9 лица и тоа сите од Битола. Станува збор за лица на возраст од 5 до 85 годишна возраст, 3 лица од женски пол и 6 лица од машки пол.
Од вкупниот број потврдени позитивни лица, само едно лице е хоспитализирано на Инфективното одделение во Клиничка болница Битола, додека 8 се на домашно лекување. Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста.