АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката Петровска предложи сет економски мерки кои би ја ублажите состојбата кај локалните бизниси предизвикана од пандемијата
-Имајќи ја предвид целокупната состојба со вирусот COVID 19, кој во многу нешта донесе изместување на нормалното функционирање, меѓу што се вбројуваат и економските последици, како Градоначалник ги давам следниве предлози за субјекти, чие работење е попречено со пандемијата, вели Петровска и предлага
-Ова се само дел од мерките кои ги предлагам во оваа фаза. Само по овие основи Општина Битола се откажува од своите приходи во висина од над 6 милиони денари. Ова е возможно само заради финансиската стабилност на општината што е резултат на домаќинското трошење на парите на граѓаните во изминатиот период, рече градоначалничката
Дополнително јавните петпријатија во зависност од нивните можности, ќе дадат мерки за ублажување на последиците.
-Како Градоначалник денес потпишав, околу 1 милион денари финансиски средства наменети до социјално ранливите семејства. И во оваа прилика замолувам, почитувањето на мерките и препораките се клучни во излегувањето од оваа криза. Ве молам, СЕДЕТЕ ДОМА, апелираше Петровска.