2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Заврши државниот карантин за 99 лица во "Молика", примени нови 94

Април 18, 2020

Заврши двонеледниот државниот карантин на 99 лица кои беа сместени во х.Молика на Пелистер.  Лицата го напуштија хотелот на 15 април.

Во текот на вчерашниот ден, по извршена дезинфекција и потребни подготовки, во објектот се примени нови 94 лица кои, согласно новите одредби, ќе бидат во продолжен државен карантин од три недели. 

Новата група ја сочинуваат граѓани кои се вратени од Турција, Словенија, Швајцарија и Австрија. 

За потребите на државните институции на располагање се ставени и хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка, ,,Славија’’ и ,,Попова Шапка’’, каде во следните денови се очекува исто така да истече карантинскиот период на 154 лица кои во моментот се сместени таму.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани