АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Националниот парк „Пелистер“ на својата фејсбук страница објави прекрасни фотографии од Големо Езеро на Пелистер направени од познатиот битолски фотограф Петар Ставрев. Во услови кога важи забраната за движење во шума, барем преку фотографија да можеме да уживаме во оваа безвременска убавина.
Ставрев за Апла.мк вели дека Големото Езеро досега го фотографирал безброј пати, во секакви временски прилики и во сите годишни времиња.
„Сум го фотографирал и на Нова година, а најголем спомен ми остана на 16 јануари кога од студ се беше замрзнато, а на враќање за назад ако не оставав белези кога се качував, немаше да можам да слезам, ќе го загубев патот. Ама љубовта кон Пелистер и природата толку ме приувлекуваат што понекогаш не мислам на опасностите. Езерото е најинтересно да се фотографира на пролет кога почнува замрзнатата вода да се топи, прво од средината , па кон краевите. А најубаво е да се фотографира во јуни кога има цвеќиња околу него“, рече Ставрев.
Ж.З.
Фото фб страница Национален парк Пелистер