АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчерашниот регистриран случај, носител на коронавирус, бил асимптоматски, немал клиничка слика на КОВИД19, што е загрижувачки фактор за здравствените власти. За ова денеска разговараа членовите на Општинскиот кризен штаб на состанокот со градоначалничката Наташа Петровска.
- На состанокот беше разгледан моменталниот тек на состојбите со коронавирусот во Битола, но и постоењето на евентуална опасност од појава на нови случаи.Загрижувачки се асимптоматските случаи, како што е последниот случај во Битола, кој немал клиничка слика на КОВИД 19.Овој случај треба да претставува причина за зголемување на совесноста кај секој од нас, а досегашното одржување на состојбата со коронавирусот во Битола, како стабилна и под контрола, треба да ни биде поттик и пример за натамошното однесување, се наведува во соопштението од Општина Битола
Градоначалничката Петровска препорачува да се почитуваат сите постоечки мерки и граѓаните да не се однесуваат несоодветно и недоговорно, поради полабавите мерки донесени од страна на Владата.
-Токму заради појавата на асимптоматските случаи, апелираме на носење заштитни маски, одржување социјална дистанца и редовно одржување на хигиена, посочи Петровска