2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Анкета на ФИНКИ: Дали битолчани кога ќе погледнат низ прозорец гледаат зелено или сиво?

Мај 06, 2020

Четворица студенти од ФИНКИ во рамки на предметот Медиуми и комуникации направија истражување за јавното зеленило во град Битола. За таа цел беше спроведена анкета која траеше 5 дена, а на неа одговорија 362 испитаници.

Целта на анкетата беше да се соберат ставовите на граѓаните за тоа колку се задоволни од јавното зеленило во градот, нивната проценка на моменталната состојба, да се утврдат причините кои довеле до соодветната состојба и каде да се бара помош за подобрување на состојбата.

grafikon 7 5 2020

1grafikon 7 5 2020

Над 67 % од испитаниците се согласуваат дека инвеститорите треба да обезбедат зелен појас околу објектите кои ги градат, но и дека е потребно да се организираат акции за засадување на дрвја барем два пати годишно (63,2%). Прекумерното сечење на дрвја го влошува квалитетот на воздухот и предизвикува ерозија на земјиштето, а сето тоа има директен ефект врз здравјето и квалитетот на животот (тотално се согласуваат 44,2%). Доколку се јави проблем поврзан со животната средина 51,3% би се обратиле на општинскиот комунален инспектор.

2grafikon 7 5 2020


Она што може да се заклучи од анктетата е дека Битолчани воглавно не се задоволни со состојбата со јавното зеленило во градот. Нивните одговори за тоа што мислат околу состојбата со јавното зеленило најчесто беа: дека нема доволно јавно зеленило во градот, дека населбите кои се подалеку од центарот се во уште полоша состојба во поглед на уредено јавно зеленило, дека сечењето на шумата кај касарната за да се изградат згради беше катастрофа за градот, дека инвеститорите треба да обезбедат зелен појас пред секоја зграда што ќе ја прават, дека и комуналните претпријатија, но и граѓаните имаат удел во лошата состојба, дека треба казни за сите несовесни граѓани кои уништуваат јавно зеленило, дека се потребни маалски паркчиња, или како што најсликовито објасни еден испитувач-„премногу асфалт, премалку дрвја, јас сум за по две дрвја на еден жител“.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани