2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Две недели порано ќе се прска против комарци

Мај 15, 2020

Изминатата топла и влажна зима е најголемата причина поради која деновиве се соочуваме со зголемена појава на комарци во Битола. Иако Центарот з ајавно здравје ја заврши првата фаза од ларвицидната дезинсекција со  која се третираат ларвит од комарците, сега две недели порано, наместо во јуни, на 26 мај  ќе се спроведе . адултицивна дезинсекција со која  се опфатени летечките комарци. 

-Општина Битола навремено ја отпочна постапката за јавна набавка и на 27 март годинава со Центарот за јавно здравје го потпиша договорот за набавка и аплицирање на средства за дезинсекција. Со овој договор предвидени се два ларвицидни и четири адултицидни третмани. Од страна на Центарот за јавно здравје, а во согласност со годишниот план и програма и одлуката донесена од страна на Советот на Општина Битола, за спроведување на превентивна систематска дезинсекција, како општа противепидемиска мерка, завршена е првата ларвицидна дезинсекција, се наведува во соопштението од Општина Битола. 

Во првата фаза, од страна на Центарот за јавно здравје беа опфатени застојните води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на комарците, предвидени со оперативниот план и програма, доставени до Општина Битола. Запрашувањето беше извршено во попладневните часови со високо селективен биолошки инсектицид.

-Сепак, за да се дејствува брзо и со зголемени ефекти, Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, имајќи ја предвид ситуацијата која е забележлива на терен, се договорија адултицидната дезинсекција да се спроведе две недели порано од предвиденото, односно наместо во јуни, истата да биде спроведена на 26 мај. Потоа ќе следуваат уште една ларвицидна и три адултицидни третмани. Ваквото дејствување ќе овозможи брзо интервенирање согласно потребите на терен, а не е исклучена и можноста за дополнителни третмани, доколку се појави потреба од тоа, велат од Општина Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани