2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Одбележан патрониот празник на ОУ „Коле Канински“ под мотото „Сè ќе биде добро“

Мај 22, 2020

Под мотото „Сè ќе биде добро“ училиштето „Коле Канински“ го одбележа патрониот празник. По повод празникот, директорот на училиштето Зоран Мирчевски, претседателот на училишниот одбор Татјана Стаменковиќ заедно со претседателот на Синдикатот во училиштето и училишната служба положија цвеќе на споменикот нa Коле Канински во битолскиот парк.

- Оваа година патрониот празник го одбележуваме во малку поинаква атмосфера, со оглед на ситуацијата со пандемијата. Во чест на патрониот празник беа поканети и најблиските роднини на нашиот патрон кои живеат во Србија, меѓутоа поради пандемијата, беа спречени да дојдат. Во нормални услови, патронатот го прославуваме со низа активности во рамките на нашето училиште, но оваа година наставниците и учениците денот го одбележаа за време на онлајн-наставата преку алатката „Зум“ - рече директорот Мирчевски.

1patronat 22 5 2020

- Оваа година, Денот на училиштето го одбележуваме под мотото ,„Сè ќе биде добро”.  Нашето училиште се вклучи кон заедничката иницијатива на голем број образовни институции низ Европа, кои ја праќаат пораката „Сè ќе биде добро”. Оваа порака ја испраќаат и децата од нашето училиште кои ја следат наставата во домашни услови и заедно од дома го одбележуваме овој значен ден за нашето училиште.  И во своите најтемни денови, човештвото ја одржува својата верба во иднина и подобри денови, бидејќи длабоко во нас сите знаеме дека животот ќе продолжи! И кој ако не децата, најдобро ќе нè потсетат на тоа. Така, учениците од нашето училиште со нивниот најчист оптимизам додаваат повеќе бои во пролетните сончеви денови. После дождот, доаѓа сонце, а по овој кризен период ќе дојдат подобри времиња. На тоа нè потсетуваат учениците од седмо одделение кои напишаа прекрасни стихови (акростих ) во кои се прелеваат седумте бои на виножитото и шират позитивност, надеж и оптимизам за подобро утре во кое сите ние мора да веруваме дека постои - вели наставничката по македонски јазик, Марија Недановска Пискачева.

https://www.youtube.com/watch?v=o2xgI1jjkZs&fbclid=IwAR1RB4YO8sbcyIlFxKR7OuWNSo1-ZgajLhzsVFjJLMIfwOTQWutOYChwD4w

Во продолжение можете да погледнете како дел од учениците на ОУ „Коле Канински“ заедно со наставниците го одбележаа денот.

deca patronatУчениците од I и III одделение од подрачното училиште во Поешево, наставничка Бети Цивкароска

slika deca patronat

https://www.youtube.com/watch?v=6cKkeiahu8g&feature=share&fbclid=IwAR218WMXYJb3NMm0kT_MoSBDjuV1EETZy9g2aRY94BhUk1A9oDoJvgUF-Ms

irena klas patronat

Учениците од II одделение од централното училиште, наставничка Ирена Богдановска

 1marina 2 4
marina 2 4

https://www.youtube.com/watch?v=pJJz0AZnXpI&feature=youtu.

Учениците од II и IV одделение од подрачното училиште во Буковo, наставничка Марина Станковска

sliki makedonka
sliki makedonka1Учениците од III и V одделение, од подрачното училиште во Буково, наставничка Македонка Илиевска Николовска

Во рамките на патрониот празник за учениците се одржа и активност по екологија: Конкурс за ликовни и литературни творби на тема „Климатските промени-реалност на почетокот на 21 век“ во соработка со граѓанската организација „Движењето за околина Молика “ од проектот „Иднина за климата-одлучи и дејствувај“ под менторство на наставничката Весна Баковска.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани