Webp.net gifmaker

Градинката „Естреја Овадија Мара“ одбележува 60 годишен јубилеј

Мај 25, 2020

Со низа активности кои  го означуваат развојот  на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ од отворањето на првата градинка до денес, оваа установа  ќе го одбележи 60 годишниот јубилеј од своето постоење. Активностите се прилагодени на вонредната состојба, односно ќе бидат електронски, па од денес до следната сабота ќе бидат споделувани на официјалната фејсбук-страница на градинката. Токму овде,  денеска е објавено и видео обраќањето на диркеторката Лидија Тфирст Митревска, кое има наслов во стих „Од секоја слика-некој спомен блика. За сè што правиме-со јубилеј славиме“.

 gradinka

Одбележувањето на 60 годишниот  јубилеј  ќе се заокружи со полагање на цвеќе на бистата на Естреја Овадија Мара пред Здравствениот дом во Битола.

https://www.youtube.com/watch?v=CwjvBS2-BoQ&fbclid=IwAR2jPjGla9Crhnt93skTX8kb--rJmz2ZcjHv6OtnUj3qE1mOkAFoFsI3kVY

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани