АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Примерок од прекрасното пелистерско диво лале кое е на Светската и Европскта црвена листа на загрозени видови, фотографираше на Пелистер битолчанецот Живко Најдовски, љубител на планината и познавач на растителниот свет.
Ова планинско цвеќе, е навидуме кревко, но со несоменан сила, со оглед на фактот што им пркоси на суривите планински услови. Најдовски, за апла.мк вели дека овој вид е вистинска реткост и досега не го сретнал на друго место
Инаку познато е дека флората на Пелистер со својата разнообразност и колорит е една од најзначајните вредноси на оваа планина и го привлекува вниманието на истражувачите, посетелите и вљубениците во најстариот и еден од најубавите национални паркови во Македонија.