2win800x200

Битола станува лидер по активни случаи во Преспанско-пелагонискиот регион

Јули 26, 2020

 

Битола станува лидер во Преспаснко-пелагонискиот регион по активни случаи заразени од КОВИД-19. Од почетокот на пандемијата па до средината на јули бројот на позитивни беше мал, а повремено во дневните статистики се региструираше по еден, најмногу до двајца заразени. Сега за само две неделе бројотпораснал повеќе од двојно. Со денешните  5 новозаблен,   вкуниот број во Битола е  114  лица позитивни на коронавирусот, а 60  се активни случаи. Прилеп кој беше лидер по заболени во регионот, денес има 52 активни, а Ресен 45. Битола на 10 јули имаше 68 заболени и 27 лица кај кои болеста беше во тек.  

Во последниот период  голем број од новозаболените  негираат претходна поврзаност со лица позитивни на вирусот. Од Минсистерството за здравство за апла.мк информираат дека во Битола активни се само два кластери, останатите се од  семејна трансмисија и индивидуални слуачи. Само во изминатите денови има неколку заболени кои не дали податок за контакт со заразено лице.

Вкупно во изолција се 120 битолчани, а во КОВИД  центарот  во битолската болница хоспитализирани  се 40 пациенти од целиот регион

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани