2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За шест месеци Битола за сопствени потреби произведе 3000 килограми компост

Декември 17, 2020

Произведени се околу 3000 килограми компост во рамки на шестмесечното пилот функционирање на био-компостерот во рамки на проектот „Симбиоза“ во кој како носечки партнер е ЈП „Комуналец“ од Битола. Тие компостот го користат за сопствени потреби во нивните расадници за цвеќиња и дрвја. Квалитетот на компостот е добар и може да ги замени ѓубривата. Сега на крајот на проектот ЈП Комуналец е способен
за независно работење на био-компостер и производство на квалитетен компост.

Денес ќе се одржи завршната конференција на проектот „Симбиотски мрежи за одржливо управување со органски отпад“ – Симбиоза.  Проектот е финансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички во рамки на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за погранична соработка „Грција – Република Северна Македонија“, а ЈП Комуналец – Битола е водечки партнер на проектот.

Во рамките на проектот „Симбиоза“ за прв пат во Општина Битола се организира селекција на органски отпад. 2000 канти за органски отпад од 120 l се дистрибуирани до домаќинствата и малите бизниси. 200 канти за органски отпад од 240 l се дистрибуирани до средни производители на органски отпад (на пример поголеми ресторани и хотели). 35 контејнери за органски отпад од 1,1 м3 се дистрибуирани до поголемитепроизводители на индустриски органски отпад.

 За прв пат во Општина Битола се организира селективно собирање на органски отпад. Набавено специјално возило, со капацитет од 12 м3, за собирање и транспорт на селектираниот органски отпад.  ЈП Комуналец Битола потпиша договори со 10 поголеми индустриски производители за селекција и подигнување на органски отпад.  Дел од собраниот органски отпад се рециклира во био-компостер. Пилот био-
компостер, со капацитет од 6 м3, е набавен и инсталиран во депонијата за отпадоци Мегленци.

„Селекцијата на органскиот отпад и работата на био-компостерот продолжува. Но, ова не е нашата крајна цел. Развивме и неколку студии со идеен проект за големарегионална постројка за компостирање на органски отпад“, велат од битолски „Комуналец“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани