АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утре со почеток во 12 часот во просториите на Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола во соработка со Основното училиште „Даме Груев“ од Битола ќе се одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Одбележувањето ќе започне со прикажување на документарниот филм за кирилицата и словенската писменост во Македонија. Кратко обраќање ќе има директорката на НУУБ „Св.Климент Охридски“, м-р Јелена Петровска. Со своето излагање манифестацијата ќе ја збогати и м-р Билјана Герас на тема „Мајчиниот јазик – наш идентитет и наша култура“. Модератор на настанот е Божидар Николовски.