АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Оваа година Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со ОУ „Даме Груев“ – Битола го одбележуваат Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Утре (среда), 21 февруари 2018 година, со почеток во 12 часот во просториите на библиотеката ќе биде прикажан документарниот филм за Кирилицата и Словенската писменост во Македонија, а ќе има кратко обраќање од страна на директорката на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, Јелена Петровска.
Свое излаѓање ќе има м-р Билјана Герас на тема „Мајчиниот јазик – наш идентитет и наша култура“.
Модератор на настанот е Божидар Николовски.