2win800x200

ОУ "Даме Груев" со низа ЕРАЗМУС виртуелни активности

Мај 20, 2021

Основното училиште "Даме Груев" -Битола како редовен апликант и учесник во Европската програма Еразмус + , во рамките на истата во текот на оваа учебна година 2020/2021  за потребите на проектот "ИГРА ЗА" реализира низа он лине активности  составени од вежби, дизајнирање на свои задачи, решавање на истите и доаѓање до заклучоци преку дискусија и рефлексија, односно презентација, се со цел наученото да најде  практична примена кај учесниците.

 1

Целите  на проектот  се сконцентрирани на четири теми:
Ментално здравје (справување со стрес, откривање на среќата, музика и танц за релаксација, борба против малтретирањето)
Физичка активност (игри и спорт, важност на физичката активност, утрински вежби, активности на отворено)
Здравје за исхрана (здрави диети, дебелина, витамини, пристап до здрава храна во училиштата)
Хигиена  (Пубертет, Здраво  тело,) 
 
-Пандемијата со КОВИД-19 , нова и досега непозната опасност , ги погоди сите области од нашите животи. Изолацијата, недостатокот од контакти со врсниците  кои ја предизвика пандемијата не не спречи да реализираме дел од активностите со учениците и наставниците од нашето училиште, да воспоставиме  соработка со Црвениот Крст-Битола, Невладината организација Калидус и сл,  истакна  координаторот на проектот Соња Јанкуловска.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани