2win800x200

„Дојди, види, уживај“ го однесе на Пелистер детскиот хор „Ѕвончиња“ (фото и видео)

Јуни 23, 2021

Децата од детскиот хор „Ѕвончиња“ од Битола беа седмата тура од проектот „Да го запознаеме Н.П. Пелистер“ во организација на здружението „Дојди, види, уживај“ предводено од  туристичкиот водич Горан Пинза. Тој организираа едукативно-рекреативни екскурзии на Пелистер, а целна група се основците и средношколците, но не постои горна граница за лицата кои можат да се вклучат во оваа активност на спознавање на природните убавини на првиот национален парк во земјава и неговите реткости. Иако Пелистер е на неколку километри од Битола, не е мал бројот на деца и млади кои ретко го посетуваат.

-Ја поздравувам иницијативата и борбата на Горан за да ги запознае децата со убавините на Пелистер, како да ја сакаат, почитуваат и чуваат природата и нејзините жители. Она што не се познава, не може да се сака и да се негува! Со многу измешани мисли и емоции го напуштив националниот парк. Зошто? Затоа што она што го видов во очите на децата, насмевките, среќата, зацрвенетите обравчиња, дружењето, нивната желба за истражување, прашањата кои му ги поставуваа на водичот...ме исполни со огромна радост од една страна и лутина од друга, што како општество многу малку или воопшто не обрнуваме внимание на вистинските вредности кои ги имаме и со што треба да ги "храниме" нашите деца, духовно, ментално, емотивно, физички и интелектуално. Се што читам, се политички статуси на препукување и омраза...После пандемијата, компјутерите и стресовите, требаше децата организирано, секој ден да ни се на Пелистер и да го засилуваат својот имунитет со чист кислород и развивање на белите дробови. Погледенете ги сликите, слушнете ја нивната песна( со колкава љубов ја снимивме и ја пееме првата детска химна на Битола, напиша на ФБ Марина Коруновска, диригент и уметнички раководител на десткиот хор Ѕвончиња.

Посетите во рамките на проектот „Да го запознаеме НП Пелистер“  имаат едукативна, рекреативна цел, но и да ја поттикнат желбата кај децата и младите да се развие љубовта кон планината и природата, подигање на еколошката свест и развивање на здрави животни навики.

-Покрај едукација и рекреација, се изучуваа и вежби за правилно дишење. За крај, прекрасните деца ја исполнија и новата детска химна на градот во која се вели :

"За мене цел свет си, благодарам,

Битола, за тебе пеам...

Една на светот си моја Битола,

со тебе се гордеам"

Ние и натаму ќе ги учиме децата да го сакаат и чуваат градот, да ја сакаат планината и создадат здрави навики. А со вакви деца, кои ова го пеат од срце, ќе имаме и тоа како блескава иднина..., напиша Пинза на својот ФБ профил

Инаку во рамките на проектот предвиден е органзииран превоз од пред Спортската сала во Битола, а прва станица е Инфо центарот на Пелистер, каде  се разгледува  редовната поставка, потоа   информации за Н.П. Пелистер, а  секој од посетителите добива топол чај. Потоа, следи  пешачката тура по Историската патека во траење од 30-ина минути која завршува во близина на хотелот ‘Молика’. Во зависност од возраста и физичката кондиција, турата  продолжува  до   ‘Копанки, каде има  ланч пакети за секој присутен и слободно време за фотографирање, игри, како и индивидуално истражување. Здружението “Дојди, види, уживај“ почетните средства за оваа пилот верзија ги доби од повикот за проекти на невладини организации и здруженија во 2020 година од Општина Битола.

 

204164181 10219334987742148 1668620835039008459 n

 

202286914 10225876213397964 9130978558863209069 n

202721883 10225876227478316 1838584558583410006 n

203614914 10225876223918227 7653979250918568393 n

203781170 10225876216358038 587977376810723112 n

 

204111381 10225876203357713 6362039491856091610 n

204466402 10225876214838000 1911437720724723284 n

 

204780398 10225876227918327 3709235360355892362 n

205220677 10225876205117757 2886659006982149036 n

205263107 10225876222678196 3318962709517540670 n

205359796 10225876216838050 494959335748484799 n

205919592 10225876223398214 7798617234980673573 n

Фографиите се објавени со дозвола на детскиот хор „Ѕвончиња“

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани