За првпат американски фолклор на Илинденски денови во Битола

Јули 14, 2021

Од 20 јули почнува 51 Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во организација на Центарот за култура кој 10 фестивалски денови на едно место ќе збере фолклорни ансамбли од целиот свет. Предпрограмата ќе трае до 26 јули, кога ќе се одржи традиционалното Дефиле со песни и игри низ Широк Сокак, а со изведба на орото „Комитско“ , истиот ден, со почеток од 20,30 часот на Хераклеја ќе се одржи и свеченото отворање со настап на ансамблите „Танец“ од Македонија и „ Ладо“ од Хрватска.

„Се надеваме дека во Битола ќе пречекаме гости од Америка, Русија, Србија, Албанија, Грција и Хрвстска. Настаните ќе се одржат на отворено во Хераклеја, Ракомотеното игралиште, Широк Сокак, Старата чаршија, Магазата и Градскиот парк. За првпат на овој фестивал како специјален гостин ќе биде претседастелот на ЦИОФФ Филип Бусон, првпат во Македонија и на Илинденски денови и ќе го проследи цел фестивал“, рече Маја Андоновска Илијевски директорка на Центарот за култура.

На фестивалот има фолклористи гости од сите соседни држави, освен од Бугарија бидејќи и нивниот фестивал за фолклорни игри од Велико Трново се совпадна со термините на битолскиата манифестација.

За првпат на програмата ќе има американски фолклор од периодот на крајот на 19 и почетокот на 20 век преку настапот на   Amerikan Folk Ensamble од Јута, САД. Покрај нивниот настап на 28 јули     во 21 часот на плоштадот Магнолија, ќе се одржи и мастер час (работилница) за американскиот фолклор истиот ден пред Американското катче во Битола   од 12,30 до 13,30 часот.

Годинава мотото на Илинденски денови е „Старото е ново“, а фестивалските денови ќе бидат исполнети со многу настани од детска ликовна работилница, изложби, семинарот на традиционална игра и песна, саем на книга, промоции на зборници и трудови, концерти , ревија на носии, улични перформанси, кино проекции на етнолошки филмови, предавања.

„Илинденски денови покажа дека може да бидат сцена на која старото ќе се афирмира , ќе се презентира и пренесдува од генерација на генерација. Фестивалот не е само игра и песна, туку наука затоа соработуваме со стручни институции и лица. Тој е единствен фестивал во Република Северна Македонија со сертификат за интернационален фестивал. 26 предвидени групи ќе дојдат, а за првпат ќе имаме американски“, рече Валентин Соклевски програмски селектор на Фестивалот.

„Илинденски денови“ поддржани се од Министерство за култура , Општина Битола, јавни претпријатија и други спонзори.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани