АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Директорот на ЈП „Пазари", Александар Касапов, на својот фејсбук профил објави дека во следниот период ќе се изготви проект за покривање на пазарот во делот каде што се продава бижутерија. Тој објави дека веќе одржа состанок со претставници на Општина Битола, на кој беше договорено да се започни постапка од ЈП за Урбанизам и просторно планирање за изработка на проект за покривање на делот од пазарот каде што се продава бижутерија. Досега овој дел од пазарот не беше покриен. ЈП "Пазари" за проектот доби поддршка од градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.