2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Престојат напори француски фирми да инвестираат во Битола, рече амбасадорот Тимоние

Април 25, 2018

"Ќе ни престојат голем број на соработки, но и напори за да видиме што поголем број на француски претпријатија што поприсутни во Битола и поголема културна соработка со Битола. Наскоро високи француски делегации ќе ја посетат Битола зашто е град кој ни е при срце“, рече францускиот амбасадор Кристиан Тимоние при посетата на Битола.

 

-Ќе ја мобилизираме  целокупната француско- македонска поддршка особено по добивањето на позитивната препорака во извештајот од Европската Комисија за Македонија и полека ќе навлеземе во нова фаза на соработка, -додаде амбасадорот.  31301899 376664699483569 2441256842655956992 n

Тој во Битола дојде на комеморација за Првата светска војна со двајцата пратеници од Собранието на Република Франција, и тоа Бертан Сор кој е претседател на Групата за француско-македонско пријателство и заменик претседателот Грегори Галбадон. 

"Ги споделуваме истите чувства и волја Македонија да биде што побрзо дел од Европската Унија. Работиме на пречекот на Македонија во Европската Унија, а за да биде пречекана тоа се спроведува преку зајакната соработка на Собранијата на двете земји. Имавме средби, бевме пречекани во Собранието на РМ, се сретнавме  со претседателот и со сите членови на пратеничката група која е надлежна за соработка со француското Собрание. Разговаравме за размена на практики низ Собранијата и за начинот на кој се спроведува демократијата. Политиката е еден голем политички компромис, и во Франција, како и во Македонија постои опозиција, но треба освен меѓусебните конфронтации да знаеме заеднички да соработуваме и да ја спроведуваме демократијата за да можеме да воспоставиме позајакната соработка меѓу Собранијата на двете земји", рече Сор. 

Градоначалничката Наташа Петровска истакна дека ваквите средби се потврда во заложбите на Франција за помагање и градење на пријателски однос кон Македонија во нејзините интеграции во ЕУ.

„Секогаш нагласувам дека ваквите средби се само потврда на она што е мој сон. Не само Македонија, туку и Битола да го добие заслуженото место на град кој претставува атрактивна туристичка дестинација. До крајот на мојот мандат за мене ќе биде најголем успех ако Битола во секоја уличка е посетна и полна со туристи.

Денес на Француските гробишта во Битола беше откриен и споменик од длабен камен, уметничка изработка на средношколците од француската гимназија "Ла Рокел"од Кутанс, Нормандија. На него од витраж беше изработено македонското знаме, а на наше и француско писмо беша испишани имиња на војници кои загинале во Првата светска војна во битолско.31265350 376664346150271 3733852015168585728 n

"Изборот на бои и материјали е силен и зборува самиот за себе.Каменот од Каен зборува за потеклото на војниците, гранитот е присутен да ја фаворизира планината каде се бореле и ги видела како паѓаат сите овие војници. Идејата е да се впишат македонски имиња со цел да се фрли светлина врз страдањето на цивилите.Сето ова е полно со историја и го прави споменикот полн со симболика", рече амбасадорот Тимоние. 

На комеморацијата присуствуваа и средношколци од француската гимназија од Кутанс, како и ученици од битолската"Јосип Броз Тито" кои веќе неколку години соработуваат посебно на теми од Првара светска војна.

"Особено ја ценам соработката меѓу учениците за да научат да живеат заедно. Македонија е пријателска земја која е засолниште на 16 000 наши познати и непознати војници што загинале во војната ", рече амбасадорот. 31300050 376664566150249 7210655516186378240 n

31318066 376664612816911 491036008859566080 n

31253103 376664496150256 1929776278366322688 n

31253094 376664459483593 2669122862211661824 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани