АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН - 3 мај, во 1942 година над селото Лавци и во близина на селото Ореово, Битолско е разбиен БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПЕЛИСТЕР“.
Бил формиран на 22 април 1942 г. од 19 борци и вршел главно обука на борците. Откако бил лоциран од бугарската војска и полиција, наредниот ден бил опкружен и разбиен.
Притоа загинале народниот херој Елпида Караманди, која всушност, била тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таки Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Заробени биле Ѓорѓи Наумов, Кочо Десано и Блаже Димитровски, кои биле одвдени во скопскиот затвор и таму подоцна биле обесени.
Останатите партизани од Одредот успеале да се спасат и илегално да дејствуваат во Битола.
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар