
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Откако Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на СДСМ на прес конференција изјави дека во иднина родителите на учениците нема да плаќаат од својот џеб за обезбедување на школите, деновиве директорите на дел од училиштата во градот, назначени уште од времето на ВМРО-ДПМНЕ, веќе побараа од родителите и годинава да платат за обезбедување на школите. Образложението е дела училиштата имаат долгови и парите не стигаат за да се ангажира Агенција која ќе го обезбедува училиштето, па мораат родителите да го преземат овој трошок врз свој грб.
Борче Димитровски, носител на кандидатската листа советници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вети дека ќе се залага за развој и субвенционирање на руралниот туризам.
-Нашите села сеуште имаат традиционален живот, автентична архитектура и гостопримливи домаќини. Заедно со мојот тим ќе се залагаме за посилно субвенционирање на ваквите бизниси , унапредување на вештините на луѓето од овие краишта и се разбира промоција на нашата општина за алтернативен туризам. На крајот нашата најсилна заложба ќе биде да за кусо време ги зголемиме можностите за користење на ИПАРД мерката за развој на рурален туризам , која овозможува финансирање на ваквите бизниси до 75% од вредноста на инвестицијата- рече Димитровски
Владимир Талески, заминува од градоначалничката фотеља, оставајќи ја поранешната касарна како големо градилиште наместо ветената урбана населба. Три асфалтирани улица, незатворени шахти, ископано – незавршено, земјени пристапи, кал и ѓубре, вака накусо може да се опише моментната слика во новата населба, која уште на самиот почеток доби холивудско име „Златен рид“.
Кандидатот за градоначалник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, вети бесплатни парцели во касарната за младите битолчани да можат да изградат куќи.
