2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Учениците од петто одделение од ОУ „Елпида Караманди“ под менторство на оделенската наставничка Фанче Јошевска подготвија и снимија литературно-музички рецитал во чест на Денот на ослободувањето на Битола и по повод стогодишнината од раѓањето на народните херои Елпида Караманди и Стив Наумов.

„Да се слави слободата е исто што и да се слави животот. Да се живее животот со целата своја достоинственост е да се почитува минатото и да се има одговорност кон иднината. 4 Ноември е ден на радоста на нашиот град кој оваа година се прославува во поразлични услови, но тоа не значи дека нашата среќа која ја споделуваме со него е помала“, велат учениците.

 

            Зајакнување на демократската клима во училиштето,поттикнување на  одговорноста кај учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницат, како и зајакнување на  нивната иницијативност за позитивна промена е целата на активностите кои ба спороведени  денес во ОУ „Елпида Караманди“ - Битола  во рамките на Отворен ден на Граѓанск ото образование. 

ОУ „Елпида Караманди“ за прв пат аплицира за два проекти од Ерасмус плус програмата преку Националната агенција на Р.С.Македонија и успеа да ги добие, соопшти советничката на СДСМ во битолскиот совет Емилија Костурска. Проектите се дел од Мобилност на вработени-кадар во училишното образование и Соработка за иновации и размена на добри практики. Вчера на седница на Совет средствата предвидени за овие проекти се прифатија со измени на буџетот на Општина Битола и овие проекти  едногласно беа прифатени од советниците од власта и од опозицијата.

Учениците од Основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола денес во Пациото на битолскиот Завод и музеј твореа под инспирација и во присуство на битолски уметници. Работилницата “Учениците творат заедно со уметниците“ под раководство на графичкиот уметник Владо Ѓорески и одделенската наставничка д-р Фанче Јошевска имаше за цел децата да се запознаат со делата на битолските уметници, а потоа да творат под нивна инспирација на отворено, надвор од училниците.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани