2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Учениците твореа заедно со ументниците во битолското Пацио

Април 11, 2018

Учениците од Основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола денес во Пациото на битолскиот Завод и музеј твореа под инспирација и во присуство на битолски уметници. Работилницата “Учениците творат заедно со уметниците“ под раководство на графичкиот уметник Владо Ѓорески и одделенската наставничка д-р Фанче Јошевска имаше за цел децата да се запознаат со делата на битолските уметници, а потоа да творат под нивна инспирација на отворено, надвор од училниците.

 

Учениците од II в одделение прво имаа едночасовна посета на Галеријата за современа уметност каде се запознаа со дела од битолски сликари , се инспирираа од нивното творештво, добија одредени податоци и врз основа на нивните иснпирации создадоа свои творби со акрилни и темперни бои.30581358 370482076768498 8713774218723983360 n

„Во денешно време, а и во изминатиот преиод, сѐ повеќе слушаме за она што значеше Битола во минатото, Битола која ја нарекуваме со гордост град на конзулите, на клавирите, на уметноста, но сето тоа на некој начин останува само на зборови и сеќавање со носталгија на едно време без при тоа нешто конкретно да се спроведе, одредени активности за на некој начин да се врати барем кај најмладите она што значи традиција, култура на Битола и катактеристиките што таа го имала во минатото“, рече наставничката Јошевска.30594644 370482180101821 2225569524990607360 n

Работилницата се одржа со поддршка на директорката на ОУ „Елпида Караманди“ Татјана Дамчевска, а Пациото во кое битолскиот Завод и музеј дозволи да творат децата, беше одлично место за инспирација под влијание на традицијата и битолското минато.30594606 370482206768485 6373846963229556736 n

„Учениците да ги извадиме од училишните клупи, да сфатат дека творештвото не може да биде само дел од она што значи училница или училиште, да сфатат дека не треба да робуваат ниту на формата, ниту на бојата, туку треба да се ослободат и да ја развиваат својата креативна и слободна мисла. Да сфатат дека уметноста не е привилегија само на одредени талентирани личности туку секој од нас има одредени елементи на талентираност“, рече Јошевска.30652799 370482143435158 1805031100737650688 n

30657018 370482233435149 7819105498443022336 n

30653194 370482306768475 2337205895496204288 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани