2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Интегрално ја пренесуваме изјавата на Весна Баковска од СДСМ: 

„Изразуваме жалење и ѝ посакуваме побрзо оздравување на ученичката од Медицинското училиште која вчера беше повредена при пад на дел од таванот во тоалетот.

На лажниот душегрижник, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, му порачуваме да се разбуди од сонот кој го сонува веќе 17 месеци. Градоначалник не е само титула, туку и обврска. А, одговорен за состојбите во битолските училишта, вклучувајќи го и медицинско е единствено тој. Коњановски откако е на власт во Битола целосно ги заборави средните училишта. Тоа може да се види и од Извештаите за извршување на буџетот на општината за 2022 година Коњановски потроши 30 милиони евра за една година, но лани не издвоил буквално ниту денар од општинскот буџет за средните училишта.
По затекнатиот хорор во 2017 година во медицинското училиште во Битола - распаднати училници, тоалети без врати, искршени прозорци – во училиштето беа изведени низа реконструктивни зафати. Инцидент како тој вчера ниту некој замислувал, ниту посакувал и затоа бараме преку соодветни процедури да се расчисти случајот.
После 17 месеци власт во Битола, време е раководните кадри на ДПМНЕ да понесат одговорност. И во медицинско и во техничко и во Водовод и секаде каде се огрешиле. Наголемата одговорност за Битола ја има градоначалникот Тони Коњановски кој секој ден докажува дека не знае да менаџира со градот“, ијави Весна Баковска од СДСМ

Со префрлени средства во вредност од 2.608.080 денари од Општина Битола во средното општинско медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола,  комплетно е подобрено функционирањето, информираат од Општина Битола

Страница 1 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани