2win800x200

Превозниците од Битола опфатени со бесплатниот школски превоз и натаму преку нотар  им праќаат  на средните  општински училишта  во Битола решенија за наплата на фактурите за извршените услуги, а училиштата преку адвокат им одговараат на решенијата, по што извесна е судска постапка. Превозници  велат дека само си ги бараат парите за реализираните услуги,  но училиштата и Општината не прифаќаат цени неколкукратно повисоки за превоз на учениците од оние за обичните патници.

Дел од превозниците опфатени со бесплатниот школски превоз, преку нотар  им испратиле  на средните  општински училишта  во Битола решенија за наплата на фактурите за извршените услуги.

Училиштата пред извесен период прекинаа да им ги плаќаат фактурите на превозниците и ангажираа адвокат кој ќе ги застапува на суд.

-Согласно измените што се направени во Законот за сообраќај и превоз на патници , а се применуваат од 3 септември 2018 година, ( а со Одлука на Совет од 31 јули 2018) сите патници се изедначени, што значи и ученикот е патник. Ова подразбира дека е нелогично учениците да плаќаат неколкупати поскап билет за превоз од секој друг патник кога сите се возат заедно во ист автобус. Дел од превозниците во фискалните сметки од неодамна вметнуваат 47 проценти попуст со што наведената  цена од 76 денари на релација Битола-село Кравари ја сведуваат на 40 денари, а на училиштата им фактурираат цена од 76 денари, што е неприфатливо. Нелогично е за иста услуга да се плаќаат различни цени на билетите, вели директорот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“-Битола, Владимир Роме.

Директорката на СОУ „Таки Даскало“ Елизабета Наумовска смета дека неправедно е учениците кои се возат во истите автобуси во јавниот превоз години назад да бидат третирани различно од другите патници, дотолку повеќе што со таквите високи цени беше предизвикан  финансиски колапс на училиштата, што како состојба ја затекнаа новите раководства  при преземањето на локалната власт.

Спогодбено раскинување на петгодишните договори за бесплатниот школски превоз со Општината и средни  училишта во градот бара превозникот „Боби Турс“ од Битола. Од оваа фирма за апла.мк велат дека  денеска преку архива лично до Техничкото училиште во Битола, Економското и Земјоделското училиште како и гимназијата „Таки Даскало“ и до Општина Битола доставиле барања во кои стои дека бараат предвремено и спогодбено  раскинување на договорите кои имаат важност до 2020 година за бесплатниот школски превоз.

-На четири средни училишта во градот и до општината денеска преку архива им ги доставивме барања, во нив бараме спогодбено и пред време да ги раскиниме договорите за школскиот превоз, од причина што сметаме дека тоа не доведува до нерентабилно работење. Очекуваме дека училиштата и Општина Битола ќе одговорат  позитивно на нашето барање, велат од „Боби Турс“за апла.мк  и додаваат дека  доколку спогодбено не се раскинат договорите тогаш тие се решени да го почекаат рокот кој го диктира договорот, а тоа е три месеци однапред да ги известат барателите на услуги дека се откажуваа од договорот.

Ученици од средни училишта во градот кои  не можат да користат  бесплатен школски превоз денес реагирале кај одговорните во училиштата дека нема да доаѓаат на настава се додека не им се обезбеди бесплатниот превоз. Учениците биле револтирани бидејќи според нивни сознанија од денеска нема да имаат бесплатен превоз до  50 километри оддалеченост на нивните домови од училиштата. Директорите на училиштата уверуваат дека нема место за паника.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани