АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола, јавните претпријатија: „Водовод“, „Комуналец“ и „Нискоградба“ и три приватни фирми, денес, по повод Меѓународниот ден на планетата Земја, организираа акција за расчистување на диви депонии со цел преку заеднички и организиран пристап да се придонесе кон почиста животна средина и да се подигне еколошката свест кај населението.
Густ црн чад се издига над Обиколницата кај Битола, откако попладнево жителите на Ромската населба на коловозот запалија оган од ѓубре и гуми.
Во реката Драгор може да се види секакво ѓубре. Овде граѓаните често се ослободуваат од отпадот, по реновирање, чистење, па по течението има мебел, бела техника, градежен шут.
Вработените во јавното претпријатие „Стрежево“ - Битола, масовно се приклучија кон акција што под мотото „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ во организација на Владата и иницијативата „Не биди ѓубре“ Денес се спроведе организирано чистење на браната кај Стрежевското езеро со придружните објекти со посебен акцент за разубавување на просторот околу кула зафат.