АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
130 корпи за отпадоци кои веќе се поставуваат на Широк Сокак, 100 зелени канти од 1,1 метар кубен, 70 метални канти со иста зафатнитна, 100 жолти канти за пластика, 2000 кафеави канти, садови за биолошки отпад од 120 литри, 200 големи канти од 240 литри, како и 35 големи контејнери, поточно 2635 садови за отпад, во наредниот период ќе се распределуваат низ битолските улици. Оваа голема акција на ЈП „Комуналец“ за поубава и почиста Битола, ја најави директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.
Над 200 метри кубни ѓубре е собрано во есенската акција за чистење на повеќе од 20 диви депонии во урбаниот дел на Битола, во која учествуваа сите јавни комунални претпријаија од градот, а се приклучија и голем број граѓани кои живеат во близина на овие депонии..
Вработени од јавните претпријатија „Пазари“ и „Комуналец“ како и граѓани од околните населби од утрово го чистат просторот околу Новиот реонски пазар во Битола.Директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски вели дека во многу наврати и самоиницијативно со поголеми акции го исчистиле просторот околу Новиот реонски пазар, но за жал за кусо време отпадоците се насекаде на оваа локација.
-Треба подигање на свеста на граѓаните околу заштитата на животната средина. Токму овој простор многу пати е чистен средуван и дезинфициран , но повторно и повторно се фрла секаков отпад. Денеска со наши вработени и вработени од „Комуналец“ излеговме на терен и што е за респект ни се приклучија и граѓани. Тука сме да ја смениме сликата на подобро, и се надевам дека оваа слика ќе потрае и ѓубрето секој од нас ќе го фрла онаму каде што му е местото, во контејнерите а не по земја, на улица или каде ќе им текне. Мора да ги чистиме дивите депонии и да не дозволиме да се повторат, изјави Атанасовски за апла.мк
Од денеска ЈП „Комуналец“ ја започна големата акција за чистење на дивите депонии во Битола, во која со своја машинерија учествуваат и јавните претпријатија „Водовод и „Нискоградба“, а во акцијата учествуваат и претставници на невладиниот сектор и локалното население.
Во јавното претпријатие „Комуналец“ вчера се одржала средба на советници од Општината, на која присуствувале претставници на советничкото мнозинство и опозицијата, додека поради користење на годишен одмор своето отсуство го најавиле советниците од граѓанската иницијатива „Поинаку“, соопшти директорот Панде Богоевски.