2win800x200

Со набавка на опрема во вредност од над 4 милиони денари, ќе се јакне  капацитетот на противпожарните единици во Пелагонискиот регион. По иницијатива на градоначалниците, средствата се обезбедени во рамките на проектот што го финансира Бирото за регионален развој, преку Центарот за развој на Пелагонискиот регион. Договорот за реализација ќе биде потпишан до крајот на мај.

Добитник на гран при наградата на 20-тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама Битола 2018 година е претставата „Контрабас“ на актерот Шовги Гусеинов од Азербејџан. На синоќешното свечено доделување на наградите, претседателот на трочлената жири комисија Коле Ангеловски истакна дека тој и членовите на жирито Нина Мазур и Весна Петрушевска, одлуката ја донеле едногласно.

Во ценатрот на Љубљана, Република Словенија , вчера се одржа презентација на посебностите на нашата држава на која учество зедоа неколку македонски културни и фолклорни друштва кои функционираат во Република Словенија и ја одржуваат македонската традиција.

На штандовите кои беа поставени на неколку метри од познатото Тромостовлје се нудеа македонски специјалитети, вино, рачни изработки на накит... Најголемо внимание привлече делот за туризам на кој минувачите можеа да се запознаат со дел од туристичкиот потенцијал на нашата земја, беа презентирани  убавините и туристичкиот потенцијал на Битола  како и Националниот парк Пелистер.received 240404003363520

 

-Ова за нас е очекувано, имајќи го предвид  долгогодишниот интерес и желба за посета на пријателите Словенци. Тие се заинтересирани да ја посетат Р. Македонија и да се присетат на некои поранешни времиња. Нашата земја им буди спомени од младоста, период од животот во кој веќе биле во Македонија и се интересираат да видат што и колку се променило. Ние сме тука тоа да им го прикажеме, ни  изјави Горан Пинза, сопственик на туристичката агенција „Глобус клуб“ од Битола , кој  присуствуваше во Љубљана. Пинза по мајка е Словенец и, со голем ентузијазам и желба за промоција на Битола и Р. Македонија, долги години работи на полето на привлекување на странски гости во нашиот град.received 240403956696858

-Потенцијалот кој го поседуваме како регион и држава е навистина огромен. Словенците, но и сите останати многупати се изненадени од тоа колку е богата нашата понуда. Културно наследство, природни убавини, извонредно богата историја со значајни настани, минерални извори, еколошки здрава и вкусна храна се само дел од адутите кои ги имаме и треба да ги искористиме. За жал, не сакаме или не знаеме да ги искористиме истите и многу заостануваме на полето на туризмот, а региони и земји со далеку поскромна понуда имаат многу повеќе туристи и остварени ноќевања, раскажува Пинза по настанот во Љубљана.received 240403886696865

Настанот беше организиран од Амбасадата на Република Македонија во Словенија и од невладината Виа Мкц, која им помага на македонските студенти во Љубљана и околината

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција, што се одржа пред посетата на премиерот Зоран Заев на Битола, до него упатија повеќе прашања за работата на локалната власт.

При денешната работна посета на Битола, одговарајќи на новинарско прашање околу преговорите за името меѓу Македонија и Грција, премиерот Зоран Заев, рече дека се надева на решение пред ЕУ самитот во јуни.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани