2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Саем на средни училишта во Битола (фотогалерија)

Мај 29, 2018

За првпат сите средни училишта во Битола имаа можност да ги претстават своите капацитети на Саемот за средни училишта што се одржа на плоштадот Магнолија. На саемот седумте средни училишта на свои штандови се претставија со наставните програми, кадар, достигнувања на ученици, изработки и одредени услугуги со цел подетално да ги запознаат идните средношколци со својата понуда.

На пример, на штандот на Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ битолчани можеа да проверат шеќер во крвата и да им биде измерен крвниот пристисок. Средното државно музичко училиште исто така на практичен начин, преку настапи на ученици кои учат соло пеење и други инструменти, му дадоа весела атмосфера на саемот. Со свој шатанд пред деветтооделенците  се претстави и  СОУ "Таки Даскало"  каде  идните средношколци имаат можност да изберат дали своето образование ќе го продолжат во гимназија или ќе изберат некоја од струките кои ги нуди ова средно  училиште: геолошко-рударска и металуршка струка, сообраќајна, графичка, градежно-геодетска, хотелско-туристичка и текстилно -кожарска струка.

На штандот на Средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ идните средношколци имаа можност да добијат информации за образовните профили од електротехничката и машинската струка кои нудат знаења и вештини потребни за 21 век.

„Саемот на средните училшта е  добра инцијатива на едно место учениците да се запознаат со можностите што ги нудиме за следната учебна година и да направат својот избпр каде ќе го прдолжат школувањето. Има повеќе причини да го одберат Среното  техничко училиште . Досега сме склучиле неколку меморандуми за соработка со фирми од Битола кои нудат работа. Постои голем интерес кај стопанствениците да вработата наши ученици, односно оние што немаат услови да продолжат да се школуваат на факултет, имаат можност да се вработат веднаш, да не ни заминуваат младите надвор од државата, рече Владимир Роме, директор на СОТУ “Ѓорѓи Наумов“-Битола.

„Ценевме дека преку саем во форма на хепени можат сите училишта да ги претстават своите можности каде би можеле нашите идни средношколци, сегашни деветтоодделенци да го продолжат своето образование. Интересот на општина Битола е да нема концентрација на ученици само во едно училиште, не затоа што мислиме пред се на тоа да бидат згрижени наставниците, туку напротив мислиме на тоа општина Битола да има кадар од различни профили. Како последица на тоа секако дека ќе дојде и до соодветно згрижување на наставниот кадар и цениме дека ваквиот пристап и промовирање на нештата треба да продолжат и во иднина“, рече градоначалничката Наташа Петровска.33992369 391465744670131 1011165816944590848 n

За во иднина најави покреативена медиумска презентација на можностите и капацитетите што ги нудат училиштата, со цел учениците да имаат појасна слика за тоа што нудат овие образовни институции..33777418 391466334670072 8876037086734450688 n

33828797 391466301336742 1107967937345486848 n

33847447 391466128003426 2205385691255275520 n

33769811 391466448003394 7802525374197268480 n

33943146 391466468003392 5336916002548482048 n

33876455 391466171336755 3368479031333748736 n

 

taki daskalo

taki daskalo2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани