2win800x200

Се нормализра снабдувањето со електрична енергија, откако градското  подрачје на  Битола 45 минути беше без струја.

Актерката од Народниот театар во Битола, Маја Андоновска Илијевски, од денеска е нов директор на Центарот за култура.

Долги години маргинализираната Битола, во последно време стана центар во агендите на политичарите. За два месеца во градот двапати дојдоа премиерот Зоран Заев и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Оштетена е една од спомен плочите поставена на местото на областниот централен бугарски фашистички затвор кај Црн Мост во Битола. На плочата која е скршена на половина стои името на Илиоски Иге од Дрен, прилепско, кој бил стрелан во 1941 година.

Овде биле затворани 250 политички затвореници, учесници во НОВ и Антифашистичкото движење од Македонија. Педесет од нив биле осудени на смрт, 20 на доживотна затворска казна, а останатите на строг затвор до 20 години. 

Од 19 до 21 јули во Старата битолска чаршија ќе се одржи  12-то  издание на традиционалниот „Локум фест“. Овој ​фестивал својата инспирација ја црпи од културното наследство на најопеаниот македонски град, градот Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани