2win800x200

На денешната седница на Комисијата за јавни комунални дејности при Советот на општина Битола, усвоена е иницијативата на советничката група на СДСМ за започнување постапка за формирање на јавно претпријатие кое ќе упаравува со градските паркинзи.

Целосно изгорела куќа во битолската населба Баир во пожар што избувнал во 3.30 часот наутро, а бил локализиран во 4.15 од страна на Територијалната противпожарна единица-Битола.Kуќата e во сопственост на С.Р. немало повредени.Увидот ќе се врши во текот на денешниот ден.

Битола се помалку е мојата Битола, а веќе четириесетина години ги газам истите улици. Градот тој, а лицата на Широк Сокак непознати. Некогаш од средби со пријатели еден час го минував Корзото. Денес одвај и да имам кому да мавнам. Миграција збриша цели генерации. Дел се блиску, во метрополата, па доаѓаат преку викенд. Но, многу повеќе се оние распрскани низ белиот свет, со стотици километри далеку од местото кое некогаш го нарекуваа дом.

Само три проценти од улиците во Битола носат женски имиња, а дури 43 проценти машки. Според информации од гугл мапс и викимапиа, Битола има околу 345 улици, од кои околу 150 носат машки имиња, десетина женски, а останатите имиња на места, датуми и настани.  На секоја 34-та улица доаѓа по една со женско име. 

Во организација на Сојузот на борците од Битола, синоќа во   „Магазата“  беше отворена изложбата „Битолски партизански легенди“ со 28 портрети на партизани од Битола и битолско. Автор на оваа изложба е историчарот д-р Александар Литовски. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани