АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новиот грчки конзул Ахилеас Ракинас, чие доаѓање на оваа позиција се совпадна со одржувањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, при денешната посета на градоначалничката Наташа Петровска даде предлози за културна соработка меѓу Битола и Јанина, градот каде браќата имале фотографско дуќан.
Иванчо Тоишевски, во името на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски, денеска ги повика битолчани заедно да ја започнат обновата на Битола, а разговорите за тоа ги најави за утре со почетоко во 16 часот на Широк Сокак.
Целосно исчистен е просторот каде беа смесени некогашните бараки на УЈП и депонијата која таму се создаваше со години. Наместо грдата слика со смет и рушевини, сега може да се види чист простор на кој општината најави дека ќе му најде примена во интерес на граѓаните. Местото беше исчистено во акција на јавните претпријатија на Општина Битола, предводени од ЈП „Комуналец“, а откако се исчисти просторот беше и измиен за да не се создава прашина. Во акцијата се вклучи и локалното население.
Европската Унија до 2020 година обезбеди 45,5 милиони евра за финaнсирање на проекти во пограничниот регион на нашата држава и Грција помеѓу општините од двете страни, нво секторот и граѓаните, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната прослава на Европски ден на соработка во Битола.