2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Санација и реконструкција на патниот правец од Битола за грчка граница,  на оној од Битола за Новаци и санација на влезот од страната на Прилеп,  како проекти се вклучени во годинешната програма на Агенцијата за државни патишта на РМ. Ова било договорено  на вчерашната средба меѓу битолската градоначалничка Наташа Петровска и директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов.

Со ова во идниот период се очекува да бидат реконструирани овие патни правци кои досега беа само крпени и поголеми инфраструктурни зафати немало подолго време, со исклучок на излезот за Прилеп кој преку прокет на ЕУ беше самиран но до бензиската на „Лук Оил“, а патот понатаму не наликува на градски приод. Во слична ситуација е и патот за грчка граница каде минатата година кога се крпеа дупките, ставениот асфалт место со валјак, работниците го тапакаа со нозе.  

За првпат на меморијален споменик испишани се имиња на Македонци кои биле мобилизирани во туѓи војски за време на Првата светска војна и загинале на Македонскиот фронт. Станува збор за 32 имиња на Македонци изгравирани на Споменикот на Првата светска војна во Градина на мирот во Коломбел, Франција.

Со црвен килим и со погач, денеска беше пречекан во општинската зграда,  новиот градоначалник на општина Новаци, Љубе Кузманоски на примопредавањето на функцијата од неговиот претходник Лазар Котевски.

Од  општинските организации на СДСМ најавија дека издвојуваа победа на овие локални избори во пелагониските општини Новаци и Могила.

 Во Могила своето право на глас до 17 часот го освариле 49,30 проценти од 5554 запишани избирачи. Сите 23 избирачки места утрово во општина Могила беа навреме отворени.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани