АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 106 милиони денари за дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25 декември лани. Оваа интервентна мерка Министерството за земјодлество ја донесе со цел да се покријат загубите на овоштарите поради проблемите коишто се јавија при откупот на јаболка во ланската реколтата и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период
На есен најмалку за една третина ќе биде намалено производството на квалитетни јаболка во Преспа, а последиците од големото невреме што пред десетина дена ја зафати Долна Преспа ќе се чувствуваат и во следните две години.
„Во делот кој беше зафатен од ураганот, ние така го нарековме невремето, нема да имаа воопшто јаболка. Штетите се стопроцентни. Околу 400 хектари беа зафатени од невремето на потегот од јужниот дел на Сливница до Маркова Нога. Во тој дел штетаната ќе биде не само за оваа година, туку и за наредната бидејќи се оштетни насадите. Неколку стотини садници се откорнати, а и оние кои останаа се без лисна маса, тоа значи дека одвај би преживеале догодина. Оваа и следната, а можеби и таа по неа година да имме негативни последици, трета години по ред до 2021 година“, вели Љубе Пампулевски претседател на Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ од Ресен.
Ураганско невреме ја зафати Преспа вечерва, а жителите од овој крај на социјалните мрежи споделуваат видеа и фотографии од дождот, градот и силниот ветер кој корнел дрвја, бандри и носел покриви од куќи. Најпогодени биле селата во Долна Преспа, каде невремето направило пустош во овоштарниците.