2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Дел од познатите градски битолски фамилии, но и некои малку подзаборавени, заслужни битолчани, како и други кои оставиле белег за градот, но генерациите денес не ги познаваат, повторно оживеаја низ ризницата од градски хроники на писателката Фанче Јошевска во нејзиното најново дело „Во мирисот на дивите костени“. Летната тераса на хотел „Епинал“ беше тесна да ги собери сите гости и добронамерници кои во вторникот, на 12 септември 2023 година, присуствуваа на промоцијата на збирката раскази кои од заборав засекогаш спасија некои битолски семејства и традицји. Како што дивите костени се тркалаат низ битолските паркови, така и расказите на д-р Јошевска се стркалаа низ страниците на новата книга, потврдувајќи го градскиот и еснавски живот на неповторливата Битола.

Модератор на промоцијата беше универзитетската професорка д-р Билјана Граматковски, која со својата ораторска моќ ги воведе присутните во магијата на раскажувањето на Јошевска, а со својата незаменлива интерпретација продолжија актерката Соња Михајловска, а потоа и студенти- оратори од Педагошкиот факултет во Битола.

Душата остана полна на оние што беа дел од Радио Битола

Низ страниците на книгата оживеа „Радио Битола“ која денес не постои, но остана бесмртна.

„Никола Христовски, Димче Миновски, Борис Начовски, Данка Јанковска и многу други бевме дел од Радиото. Во 1984 година први во Македонија ги започнавме програмите во живо, а емисијата се викаше ‘Средби во понеделник’, тоа беше идеја на Менде Петковски. Кај нас во радиото особено се внимаваше на литературното говорење, не смееше да се погреши ни еден акцент. Едно време државата ја откупи половината од зградата на Радио Битола, а другата половина беше во сопственост на госпоѓа која живееше во Скопје. Подоцна државата го откупи делот од зградата и рече дека половината од сопственоста ќе биде на Радиото, а другата половина ќе ѝ припаѓа на Општината. На крајот кога сите си заминавме добивме само известување од државата дела имаме долг за неисплатени плати. Долгот на никого не ни беше исплатен. Можеби материјално бевме оштетени, но душата ми е полна зашто бевме дел од сето тоа. Програмата почнуваше од 6 сабајле со гласот на Драгица Проданова. Со текот на годините програмата траеше 18 часа“, ги пренесува Јошевска во книгата сеќавањата на битолските новинари.

Сликарскиот ген на Манаки пресликан во Ставрев

Еден од нив, и како дел од Радио Битола, а и како дел од битолското фотографски милје е и Петар Ставрев. Јошевска во свој препознатлив стил, тргнува од приказната на значаен лик за Битола, а потоа сцената ја раширува опфаќајќи поширока значајна средина или личност. Така Стварве е најава за животот на Манаки и фотографијата во Битола.

„Ставрев не пропуштил да фотографира нити една јавна личност која дошла во Битола и пошироко. Знае да каже дека во себе носи дел од сликарскиот ген на Манаки, дека фотографот треба да ја познава личноста на оној што го снима за да може да направи добра фотографија. Раскажува дека последните години од животот Манаки беше тивок, болежлив. Интервјуто кое го направи токму 2 недели пред неговата смрт. Дури на крајот на животот му ја доделија наградата Илинденска споменици 1903, единственото признание кое го добил овде на овој простор за време на животот. Бил меѓу првите што учествувал во трки со велосипеди од Битола до Прилеп. Кога дојде Тито Во Битола Манаки направи фотографија, која подоцна неговиот син Леонида ја продавал низ цела Македонија и си обезбедил средства за да го плати четири годишното факултетско образование. Милтон починал во сиромаштија и на крајот на животот не успеал да продаде ни една фотографија“, пишува во книгата.

Чаршијата не може без Папалот

Јошевска тргнувајќи од познатиот битолски дизајнер на излози Велчо Петровски-Папал го опишува подемот и падот на битолската чаршија.

„Денес Папало ја нема таа креативна слобода да твори блескав и насмеан отслик на секој кој ќе помине пред излогот и ќе се погледне во него. Тој момент на инстантно заробена магија не постои повеќе. Се започнало од Тирчо, дедото на Папалот, добар човек, трговец кој направил куќа на Солунска под Камен Мост. Бил трговец со текстил, а во својот посед имал неколку дуќани во пазарот. Денес дуќанот на Папалот се наоѓа во улицата Кај ѕвончарите, во близина на Ленски Мост, најфреквентен дел од Битола каде во минатото луѓето со зимбили оделе на пазар, каде Мише Татарот- касап продавал највкусно шкембе и кукурец“, пишува во книгата.

Јошевска ја облагороди Битола со мисловните проблесоци

Низ книгата натаму се нижат раскажувањата за семејството Ароести, па Иванови кои ја зачувале менората што им останала во наследство од еврејското семејство што го спасиле од депортацијата, понатаму за Паришко, чија куќа била залепена за Францускиот колеџ и за многу други кои со своите семејни лози се вградиле во градскиот амбиент на Битола.

„Првата линија на одбраната на градот толку уверливо ја повлече авторката создавајќи го денешниот микрокосмос на битолчани со сиот нивен вкус, класа и привилегија. Д-р Фанче Јошевска во македонската научна-есеистичка- филозофска средина се пројавува со бројни трудови, верифицирани и објавувани низ низа релевантни списанија низ светот. Нејзиниот постојан и сеопфатен интелектуален и творечки ангажман има своја дијалектичка вертикала кој ја облагородува, афирмира нашата средина со мисловни проблесоци, актуелни и универзални во секој контекст“, рече Граматковски, давајќи краток портрет за авторката.

Јошевска им даде пример на битолачни како се пишува од срце книга за Битола, но и како се организира промиција која на секој вљубеник во градот ќе му плегне при срце.

 

376432482 1007864190470765 7166195532975062738 n

 

376431238 782039160339787 4841814637413230433 n

 

  376430200 285469190906425 3662699328661316852 n

376429933 620086020297532 7418861563970141658 n

376427325 687746223403552 2084533654388963926 n

 

376394068 6610390025713314 6660143043219805968 n

376390375 1057123385455911 7703440533954165010 n

376387053 846640903568896 340861165796648990 n

375754635 268290789460476 6750420632374372857 n

375202923 276854971793258 4991992101914158502 n

375021658 987871632504049 2917793060313430621 n

375010358 762814605854754 3277537830871769826 n

375001151 3202544540038651 3291892437943694033 n

Ж. Здравковска

Учениците од петто одделение од ОУ „Елпида Караманди“ под менторство на оделенската наставничка Фанче Јошевска подготвија и снимија литературно-музички рецитал во чест на Денот на ослободувањето на Битола и по повод стогодишнината од раѓањето на народните херои Елпида Караманди и Стив Наумов.

„Да се слави слободата е исто што и да се слави животот. Да се живее животот со целата своја достоинственост е да се почитува минатото и да се има одговорност кон иднината. 4 Ноември е ден на радоста на нашиот град кој оваа година се прославува во поразлични услови, но тоа не значи дека нашата среќа која ја споделуваме со него е помала“, велат учениците.

Со свечена детска академија учениците од трето в одделение од Основното училиште „Елпида Караманди“ одбележаа 77 години од херојската  смрт на партизаните од народноослободителниот одредот „Пелистер“.  Свечената академија ја одржаа на оворено на плоштадот „Магнолија“, а содржината под водство на наставничката Фачне Јошевска ја подготвуваа три месеци.  

Ученици од Основното училиште „Елпида Караманди“, по иницијатива на одделенскиот наставник д-р Фанче Јошевска, а по повод патрониот празник гo посетија Општинскиот oдбор на Сојузот на Борци од Битола. Пред борците и нивните следбеници и почитувачи, учениците од класот на Јошевска изведоа пригодна програма.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани