АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Радио емисија „Слобода, надеж, љубов“ подготвија учениците од петто в одделение, под менторство на наствничката Фанче Јошевска, посветена на народниот херој Елпида Караманди по повод патрониот празник на училиштето кое го носи нејзиното име. Емисијата трае околу дваесетина минути, а во неа сите ученици од одделението читаат делови од историска литература посветена за животот на народната хероина. Во позадина се слушаат партизански песни, како и македонски народни, меѓу кои „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, која пак, била омилената на Елпида и често ја пеела. Според радио емисијата, партизанката имала многу убав глас, пеела сопран и за време на средношколските денови во Битолската гимназија била редовен член на хорот.
На факултет заминала во Белград, каде студирала англиски јазик и таму имала можност да се сретне со напредни младинци. По демонстрациите во Белград, во 1941 година се вратила во Битола и било јасно дека само со оружена борба ќе може заедно со своите напредни другари да ја ослободат земјата и својот народ. Била меѓу првите илегалци што заминале во партизани, член на партизанскиот одред „Пелистер“. Загинала во нерамна борба со непријателот на 3 мај 1942 година. Потоа била прогласена за народен херој.