АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
OOУ „Елпида Караманди“ – Битола, во рамките на проект на Еразмус+, КА229, од 28 февруари до 1 април ја реализира втората размена на наставници и ученици во Прошковице, Полска во училиштето „Szkola Podstawowa nr 2 w Proszowicach“.
Проектот на тема: „Подобрување на технологијата во основното училиште“, има за цел, развивање на употребата на технологијата во училиштето за подобрување на наставата како и запознавање со нов пристап и метод во секој предмет во основното образование.
„Нашите ученици и наставници, преку игра и организирани активности го воочија начинот на употреба на технологијата во училиштата во Полска, а при тоа прошетката низ Краков и околината како и посетата на знаменитостите на Полска им помогна да се запознаа со нова култура и да стекнат нови пријателства“, рече директорката Татјана Дамчевска.