2win800x200

Намален бројот на жртви во сообраќајки, но пешаците и натаму ранлива категорија

Април 09, 2022
Кампања „И јас и ти сме пешаци“ Кампања „И јас и ти сме пешаци“

Оваа година се бележи намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи во споредба со минатата, која пак беше најбезбедна во последните 15 години, рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на настанот за подогање на сообраќајната култура што денес се одржа во Битола во рамки на капмпањата „И јас и ти сме пешаци“.

„ Во првото тромесечие имаме 18 жртви за разлика од лани кога имавме 28. Само за март имаме 4 жртви за разлика од минатиот со 16. Значи четири пати намалување на бројот на жртвите“, рече Ангеловски.

Пешаците и натаму остануваат најранливата категорија од учесниците во сообраќајот. Од 30 до 35 пешаци во државата годишно го губат животот во сообраќајни несреќи, покажува статистиката на МВР.

Се препорачува поголема внимателност од страна на младите кои додека се движат низ улици и преминуваат пешачки пишуваат или разговараат на мобилен телефон. Во кампањата организирана од МВР, Републичкиот совет и Факултетот за безбедност беа поделени флаери со совети да не се користат мобилни телефони и слушалки додека пешаците минуваат на пешачки премин, да се преминуваат улицитте само на места означени за таа намена и друго.

„Постојано да се зборува со младите луѓе зашто тие понекогаш несвесни за опасностите преминуваат улица надвор од пешачки премин, невнимателно користат мобилни телефони и тоа ги загрозува нив , но и тие ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот. Затоа работиме со превентивни активности во средните учлилишта и факултетите“, рече деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски.277916937 1016249525659568 3609463369332544702 n

277938048 262941215957693 7759550594625518664 n

277951968 703718247643830 1846215043608705852 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани