2win800x200

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.

Утрово најстудено е во Битола каде се измерени -13 степени по што следуваат Крушево со -11 и Берово, Претор и Дебар со -9 степени. Во Тетово, Охрид, Прилеп и Пожаране утринската температура е -8, во Крива Паланка и Виница -6, во Струмица и Куманово -4, во Скопје, во Штип и во Демир Капија -2 степена.

 Поради продор на студена воздушна маса од север утре попладне и во четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и позастапени ќе бидат во западните делови каде ќе се создаде тенка снежна покривка понекаде и на пониските места.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани