2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Најстудено и највисока снежна покривка утрово во Битола

Јануари 15, 2021

Утрово најстудено е во Битола каде се измерени -13 степени по што следуваат Крушево со -11 и Берово, Претор и Дебар со -9 степени. Во Тетово, Охрид, Прилеп и Пожаране утринската температура е -8, во Крива Паланка и Виница -6, во Струмица и Куманово -4, во Скопје, во Штип и во Демир Капија -2 степена.

Најмногу снег има наврнато во Битола 28 сантиметри. Во Крушево висината на снежната покривка изнесува 13 сантиметри, во Охрид 12 сантиметри, а во Берово, Дебар и Претор 7 сантиметри, во Петровец кај Скопје се наврнати шест сантиметри, во Тетово – пет, во Крива Паланка, Штип, Прилеп и Пожаране 3, во Струмица 2 и на Зајчев Рид во Скопје, во Куманово  и Демир Капија 1 сантиметар.

 

За денес метеоролозите најавуваат сончево време со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта во југозападните делови ќе провејува слаб снег.


За време на викендот и во почетокот на наредната седмица  ќе преовладува претежно суво и многу студено време,  со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а за време на викендот вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота ќе има локални слаби врнежи од снег.

Извор: УХМР

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани