АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вечерва вистинска снежна идила во Битола. Снегот не престанува да врни и до 22,30 часот беше околу седум сантиметри. Дел битолчани излегоа да прошетаат уживајќи во чистиот воздух и снежните пејсажи, други правеа селфи фотографии во градскиот парк, родители влечеа деца со санки, возилата поради снегот на коловозите возеа бавно. Екипи на Нискоградба веќе ги чистат улиците од прв приотитет. Битолачни оваа зима беа желни за снег, Новогодишните празници поминаа суво, но затоа пак Василица го побеле градот.
Фото- Ж.З. Апла.мк