АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советот за превенција при Општина Битола во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот денеска ги учеа децата од градинката „Мајски Цвет“ за безбедноста во сообраќајот. Тие ја проследија претставата „Безбедно дете“, а потоа боеја боенки со истата содржина.
Битола е еден од петте градови во регинот вклучени во проектот „Планирање на урбана одржлива мобилност“ кој се фокусира на засилување на капацитетите на локалните самоуправи за активно соочување со проблемите во сообраќајот во градските средини.
Вистинска опасност за сообраќајот преставуваат запрежните коли кои ги има се повеќе по битолските улици, особено оние чии сопственици се собирачи на пластика. Па така и утрово запрежна кола се движеше во спротивната колана на улицата „Партизанска“ за да во еден момент сврти во еднонасочна улица „Север и Југ“, повторно во спротивна насока.
Откорнат од земјата и фрлен на тревникот е сообраќаен знак на улицата „Север и Југ“ во Битола. Оставен е покрај едно дрво со денови иако жители од околните згради велат дека пријавиле во полиција. Според нив знакот кој покажува дека „наидува улица со првенство“ се мисли на улицата „Партизанска“ намерно е откорнат од несовесни граѓани, велат некому му присметало па решиле самоволно да го регулираат сообраќајот како што им одговара.
Оштетувањето на сообраќајните знаци во Битола не е првпат, па освен локалните жители, другите не го знаат важечкиот сообраќаен режим и не го почитуваат. Но тука се отвара прашањето што со тие возачи кои не го знаат правилото?
Мала прошетка низ улиците во Битола , особено низ помалите и споредните, е доволна за да се открие и друго неодговорно однесување кон сообраќајната сигнализација низ градот. Дел од сообраќајните знаци се искривени, исчкртани со спрејови, избледени, врз нив се залепени постери, а дел се и откорнати, или само знакот или заедно со металната прачка.