ДЛУБ ве поканува-Пристапната изложба на нови членови на 28 април во Битола

Април 26, 2022

Новите уметници секогаш заслужуваат да бидат и достојно, но и целокупно презентирани. Уметничкиот израз е најдобар показател за нивните стремежи, мотиви и инспирации. Секако дека новите ликовни уметници на ДЛУБ имаат што да кажат и каква порака да испратат. Оваа изложба е посветена токму на нив. Пристапната изложба на новите имиња на ликовната уметноста во нашиот град, можете да ја погледнете во Ликовниот салон на ДЛУБ на 28.04.2022 година во 20 часот. Тука ќе ги сретните уметничките дела на следните уметници: Бојана Артиновска Трпческа, Вано Кеков, Матеј Богдановски, Илија Маџаров, Александар Поповски, Ване Костуранов, Владимир Илиевски, Сашо Блажески, Петар Кирановски, Игор Стаменковиќ, Стефан Анчевски, Васко Ѓоргиев, Душан Шешиќ, Динко Ненов, Вангел Крстиновски, Тони Чатле.

-Делата што ќе ги погледнеме се 22 на број и се во различни сликарски техники и материјали. Во ова прилика мораме да истакнеме дека ДЛУБ со постојано примање на нови уметници ја освежува ликовната сцена во Македонија освежувајќи ја и ликовната активност во градот каде што културните манифестации се секогаш оригинални и интересни, изјави Нела Петровска претседател на ДЛУБ.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани