2win800x200

Васко Ковачевски: Илиоски е најгрешниот избор на ДПМНЕ до сега

Октомври 05, 2017

Иако ДПМНЕ најавуваше голем сенароден митинг, вчерашната реална слика не беше ништо повеќе од мал, оскуден собир на плоштадот Магнолија. Дури и нивниот лидер Груевски не ги удостои со присуство на почетокот, туку дојде при крајот , се обрати и брзо замина, рече пратеникот и претседател на Општинската организација на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски.

 

Тој додаде дека на митингот на ВМРО-ДПМНЕ се обратиле истите луѓе кои во изминатите 12 години ја уништија Битола, газеа по правдата, моралот и достоинството, сеејќи меѓучовечка и меѓуетничка омраза, а жнеејќи само лична корист.

-Нивниот кандидат за градоначалник Зоран Илиоски, со своето минато во политиката е најгрешниот избор на ДПМНЕ , до сега воопшто. Тој како пратеник  од 2014 година гласаше за донесување на буџетите за 2015, 2016 и 2017 година. Во овие буџети тој не ги поддржа амандманите од нас битолските пратеници од СДСМ и коалицијата, со кои баравме средства за реконструкција на Офицерскиот дом, за изградба на Копанки, за прочистителни станици на Петтиот канал и подпелистерските села, за изградба на нов старски дом и нова градинка, за нов ГУП на Битола, гасификација, еколошки проекти- рече Ковачевски.

Наместо за овие значајни прокети за граѓаните на Битола, Ковачевски рече дека Илиоски поддржал трошење на парите на битолчани за споменици и фонтани во Скопје, за панорамско тркало кај Вардар, за рајска градина во Ародром.

-Како претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола во периодот од 2011 до 2016 година, Илиоски активно го поддржуваше Владимир Талески  и неговите погубни политики за Битола со што стана негов сојузник  и соучесник во уништувањето на градот- истакна Ковачевски.

Понатаму, додаде дека како директор на ЈП „Водовод“, Илиоски ја поскапи цената на водата за 115 проценти, а целосно не беа заменети азбестните водоводни цевки во Битола.

На крај упати јавно прашање до Илиоски со кое лице застанува пред битолчани  и како што рече, глуми посветен и вреден човек кога неговиот телефонски број за нив беше постојано недостапен и не ги удостои со средба  и уреден разговор.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани