СДСМ Битола: Пеце Милевски продолжува да манипулира, градоначалникот Коњановски темелно да го испита работењето на Водовод

Ноември 30, 2022

Интегрален текст од изјава на Жаклина Наумовска, советник во Советот на Општина Битола

 
 
Директорот на Водовод, Пеце Mилевски лаже и манипулира за да го избегне
вистинскиот одговор и одговорност.
За нештата да бидат појасни и да ја дознаеме вистината, овде имаме
официјален документ кој пристигна во ОО СДСМ од анонимен граѓанин. Тоа е фактура
за извршена работа, уредно заведена во ЈП Водовод со архивски број, дата и печат. Од
неа се гледа дека се заменети пластични делови на возилото.
 
Милевски, од друга страна, подметнува обичен работен налог кој нема
архивски број и печат дека е примен во ЈП Водовод на ден, како што пишува на него, 8
ноември 2021 година, кога тој и не беше директор. Милевски вели дека е постапено
по овој работен налог со цел заштита на визилото и безбедно управување со истото.
Чиста лага. Доколку Милевски бил загрижен за исправноста на возилото и
безбедноста на патниците, логично е да постапеше веднаш по препораките од
работниот налог и да ги променеше клучните делови кои влијаат на безбедноста, како што се лагери и бафери на амортизери, а не заменил само украсни пластики. Ако Милевски се грижеше за безбедноста на возилото валјда немаше да чека 6 месеци колата да помини точно 7.179 километри за да ги промени деловите наведени во работниот налог.
 
Битолчани не пијат ниту нафта, ниту од маслото на службената кола на
Милевски. Се сомневаат дека возилото е поправано по сообраќајна незгода. А, овај
работен налог е само параван да се скрие вистината за сообраќајката која според наши информации Милевски не ја пријавил во полиција и за неа не платила осигурителната компанија, туку платил Водовод, со цел да се заташка случајот.
 
Затоа, уште еднаш го прашуваме Милевски зошто се променети регистарските
таблички, токму после оваа поправка на возилото и без да ја заобиколува вистината и да ги потценува граѓаните со лажни оправдувања да одговори имало или немало сообраќајна незгода која се случила дури го користел службеното возило за приватни цели.
 
Директоре Милевски, наместо да барате извинување од мене, време е вие да
им се извините на битолчани што бесрамно им ги трошите парите за приватни цели.
Уште подоблесно ќе биде да си дадете оставка од позицијата директор на ЈП Водоводкоја очигледно не сте ја сфатиле сериозно и не ја практикувате одговорно.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани