Наташа Петровска: Ќе го помогнеме развојот на туризмот во Битола и потпелистерието

Октомври 07, 2017

Битола има голем потенцијал за развој на туризмот поради својата местоположба, низата природни богатства и културните зданија со кои располага, рече Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалиционите партнери.

 

Таа додаде дека во изминатиот период бевме сведоци дека многу малку беа искористени овие потенцијали.

-Идната локална самоуправа ќе обрни посебно внимание на развојот на туризмот во Битола, како и во потпелистерието, таму со решавање на инфраструктурни прашања. Ќе се афирмираат низа спортски активности и содржини кои што во изминатиот период беа запоставени. Но, исто така од особено значење е да се зголеми соработката со туристичките работници, а тоа во една поорганизирана форма би отворило порти за поголем бенефит. Ова би значело за сите наши сограѓани многу поголеми поволности во користење на туристичките услови како битолчани. Дефинитивно би отворило перспектива за економски развој каде што туризмот би го дал својот придонес- рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани