2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ: Две години нема ниту проект, ниту локација, ниту пари за изградба на училиштето и спортската сала што ги ветуваше Коњановски  

Ноември 01, 2023

Интегрален текст од прес конференција на Кети Неделковска, советник во Советот на Општина Битола од коалицијата предводена од СДСМ

Тони Коњановски на 9 октомври 2021 година вети изградба на ново основно училиште во населбата Буковски ливади. 

 
Две години подоцна, нема ниту проект, ниту локација, ниту пари за изградба на училиштето и спортската сала што ги гарантираше.  
 
Откако е градоначалник на Битола, на Коњановски само некој друг му е виновен што не ги исполнува ветувањата од изборната програма. Кој го спречува цели две години да го изгради основното училиште што го вети во населбата Буковски ливади? Што и да каже Коњановски е само една голема лага во која никој веќе не верува!
 
Коњановски за две години потроши над 60 милиони евра, а резултати нема.
 
Овај плакат го оставаме тука, да сведочи за лагите на Коњановски и за изневерените очекувања на граѓаните! 
 
Битола наместо да се развива со Коњановски и ДПМНЕ назадува.
 
ДПМНЕ не ја оправда довербата од битолчани дадена на локалните избори. 
 
ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните на Битола!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани