2win800x200

Корлевски од СДСМ: ДПМНЕ продолжува да собира арач во Битола, Комуналец испрати дупло повисоки сметки за ѓубре кај голем број граѓани

Ноември 14, 2023

Интегрален текст од прес конференција на Борче Корлевски, советник од СДСМ Битола

 ДПМНЕ продолжува да собира арач во Битола!

Комуналец испрати дупло повисоки сметки за ѓубре кај голем број граѓани!
Без било каква најава, без било какво образложение кај многу домаќинства сметките за октомври стигнаа двојно повисоки од порано!
Граѓаните со право се револтирани бидејќи никој не ги известил за новата цена за ѓубретарина. Директорот на Комуналец, Горан Степановски, наместо објаснување, снима видео спотчиња. Градоначалникот Тони Коњановски држи состаноци и нема време за проблемите на битолчани.
Ете тоа е почитувани битолчани вистинското лице на ДПМНЕ!
Повисоки сметки за ѓубре, а Битола никогаш не била повалкана. Повисоки сметки без одлука на Советот на општината, а советниците пред 2 дена изгласаа нови 10.000.000 денари за Комуналец!
Зошто Комуналец скришно ги зголеми сметките за ѓубре за дел од домаќинствата во Битола?
Зошто, после 30 години камионите на Комуналец не го собираат ѓубрето во определеното време и кантите стојат со денови по улици?
Зошто директорот на Комуналец се заканува на вработените дека следниот месец нема да земат плата?
Дали тоа значи дека Комуналец е пред банкрот?
Кое е решението што го нудиме?
За лошото менаџирање со Битола и катастрофата во јавните претпријатија зборуваме две години! Баравме разрешување на членовите на управните и надзорните одбори и поставување на луѓе - еснафи кои ќе ги водат јавните претпријатија! Ама, Коњановски и ДПМНЕ не ги даваат лицата назначени по партиска линија.
Ќе дојде ден кога и повисоките сметки за ѓубре, вода, канализација, паркинг нема да можат да го покријат грабежот што го прави ДПМНЕ во Комуналец, Водовод, Нискоградба, Паркинзи!
Ова се случува секогаш кога ДПМНЕ ќе ја добие довербата од народот. Катастрофа!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани