СО ЏЕЗ МУЗИКА И ФОРУМ ТЕАТАР МЛАДИ ОД БИТОЛА ЌЕ ПРОГОВОРАТ ЗА СВОИТЕ ПРОБЛЕМИ

Април 17, 2019

Слушајќи џез музика и учествувајќи во форум театар, средношколци и студенти од Битола се поттикнуваат креативно и критички да размислуваат за проблеми од своето секојдневие и да наоѓаат решенија за нив. Ваквите креативни работилници се одржуваат во рамки на проектот "Јас сум гласот на мојата генерација" во организација на Младински иницијативи за дијалог и соработка – Битола и Средното музичко училиште со поддршка на ЕУ.

„ Форум театар е алатка за социјални промени и дава можност преку него да се проговори за теми за кои младите не зборуваат  или е тешко да се зборува. Програмата ќе ни послужи како генерална проба за решавање на реалните проблемски сутуации во вистинскиот живот, и ќе обезбеди простор за учесниците да идентификуваат за нив важни прашања и да развијат планови за да ги трансформираат проблемите во можности. Дополнителна вредност на овој процес е користењето на џез музиката која промовира мир, меѓукултурен дијалог, почитување на различностите, промоција на слободата на изразување“, велат организаторите на проектот. 

Ќе се одржи и јавен настап каде учесниците ќе бидат мегафон преку кој ќе прозборат младите во Битола. млади

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани